Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон утрово бил опериран поради проблеми со синусите, соопшти неговиот кабинет.
– Премиерот рано денеска имаше „помала“ операција под општа анестезија во болницата NHS во Лондон, а сега се одмора на Даунинг стрит – изјави неговиот портпарол, пренесе „Дејли мејл“.
Џонсон излегол од дома во 6 часот наутро, а до 10 часот се вратил во Вестминстер, не користел брза помош по процедурата, која била однапред закажана.
– Премиерот имаше мала рутинска операција поврзана со синусите. Тој ќе одмора утрово – изјави неговиот портпарол.
Тој додаде дека важните одлуки ќе бидат преземени од вицепремиерот Доминик Раб за следните 24 часа.