Премиерот на Бангладеш, Шеик Хасина, поднесе оставка и ја напушти земјата, јави дописникот на Би-Би-Си од таа земја.
Илјадници демонстранти упаднаа во нејзината официјална резиденција во главниот град Дака, јави Би-Би-Си.
Како што додава, со неа е и сестрата на Хасина.
Би-би-си јавува дека наскоро се очекува обраќање на началникот на Генералштабот на Бангладеш.