More

    Премиерот Ковачевски во честитката за 13 Ноември не ги спомена зборовите „фашистички окупатор“

    spot_img

    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска по повод 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје упати честитка до граѓаните.

    „Денеска го одбележуваме 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје. Ден кога се сеќаваме на херојството, кога им се поклонуваме на жртвите и борците кои се бореа храбро за секоја улица на градот, и на овој ден пред 78 години, на граѓаните на Скопје им ја донесоа долгоочекуваната слобода. Од тој ден, Скопје, пулсира како слободен град“, се наведува во честитката на Ковачевски.

    Тој, во негово лично име и во името на Владата на Македонија, изрази, како што вели, „длабока почит кон сите оние кои го дадоа својот живот за слободата на Скопје, и кон сите борци кои сведочат за еден од најзначајните денови во историјата на главниот град.“

    – Нека ни е честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје – честита премиерот Ковачевски без да наведе во честитката од кого или од што било ослободено Скопје, односно кој им ја одзел слободата на скопјани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img