More

    Премиерот Ковачевски вели дека „се работи на случајот“

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека министрите за труд и социјална политика, за финансии, за администрација и информатичко општество, за правда и вицепремиерот за економски прашања веќе работат на сите опции во однос на платите на функционерите.

    – Штом ќе бидат готови анализите, ќе се произнесат на владина седница, рече Ковачевски.

    Премиерот Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања на денешното отворање на нова форензичка лабораторија во МВР, рече дека за тоа прашање треба да се земат предвид сите аспекти на независните власти во државата.

    – Оваа проблематика е веќе регулирана во седум закони, не само во еден, и ќе мора да ги имаат во предвид сите аспекти на независните власти во државата во однос на регулирањето на платите и во однос на моделот којшто ќе биде применет. Штом ќе бидат готови со анализите и со предлогот ќе дојдат министрите на владина седница и ќе можат да се произнесат и потоа предлогот да биде испратен до Собрание – рече Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img