Премиерот Димитар Ковачевски кој денеска присуствува на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага, на својот Фејсбук-профил информираше дека се сретнал со турскиот претседател, Реџеп Таип Едроган.
„Со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денес во Прага дискутиравме за важноста од соработка со цел ублажување на последиците од светската енергетска криза. Нашите пријателски земји, традиционално негуваат добрососедски односи и верувам дека економската соработка во иднина ќе се продлабочува“, вели Ковачевски.