Премиерот Ковачевски на Самит во Тирана пречекан од премиерот на Албанија Рама

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Тирана беше пречекан од премиерот на Република Албанија, Еди Рама каде се одржува Самитот за Западен Балкан – Европска Унија. Ова е првиот Самит на ЕУ што се организира во регионот на Западен Балкан и тоа кај нашиот сосед Албанија, што уште повеќе ја зголемува неговата важност и значење. ЕУ покажа силно партнерството кон земјите од овој регион, со што уште еднаш потврди дека во нас гледа партнер од доверба.

Уште една силна потврда за нашата европска иднина е хајлатот на овој Самит – потпишувањето на договорот за намалување на цените во роамингот, за разговорите во роаминг помеѓу корисниците од Западен Балкан и земјите од ЕУ. Со овој договор ќе сме поповрзани со земјите од ЕУ и ќе можеме полесно и побрзо да одиме по европскиот пат. Европската Унија сака да сме поврзани, а од целото тоа имаме и практична и економска придобивка и за граѓаните и за бизнисот.

Лидерите од Западен Балкан денеска ќе имаат можност да дискутираат со европските лидери како Шарл Мишел и Фон Дер Лајен и шефовите на европските држава, за европската иднина на целиот регион и јакнењето на соработката, не само помеѓу земјите од Западен Балкан, но и со земјите од ЕУ. Оваа соработка се однесува во делот на обезбедување континуитет и стабилност во снабдувањето со електрична енергија во услови на тешка енергетска криза за што заеднички со земјите од ЕУ се справуваме со овие предизвици. Република Северна Македонија веќе спроведува Стратегија зелена трансформација на земјата и со насочување кон вложување во капацитети за производство на струја од обновливи извори на енергија со што обезбедуваме енергетска независност на земјата. Исто така, тема на Самитот е заедничката европска иднина на земјите од Западен Балкан односно нашата цврста решеност и визија со заеднички напори да обезбедиме мир, стабилност и демократија во време кога само на неколку граници од Западен Балкан имаме разорна војна во Украина.

Самитот е одлична можност да се продолжи оваа успешна соработка за надминување на заедничките предизвиците како што се обезбедување на храна, енергенси, закана од хибридни напади и миграција, бидејќи само со цврсти меѓусебни врски помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија можеме да дејствуваме како едно, исклучиво во интерес на граѓаните и перспективите на државите.

Share This Article