Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска ќе соопшти добра вест за македонското стопанство.
„Денес ќе соопштам добра вест за македонското стопанство! 100% посветени“, пишува Мицкоски на Фејсбук.
Меѓу другото, премиерот денеска ќе присуствува на отворање на нова училишна сала во ООУ „Наум Охридски“ во населеното место Булачани во Општина Гази Баба.