More

    Премиерот Христијан Мицкоски на својата официјална Фејсбук страница најави дека наскоро пристигнува помош од Словенија, Србија, Турција и Црна Гора во борба против пожарите

    spot_img

    Премиерот Христијан Мицкоски на својата официјална Фејсбук страница најави дека наскоро пристигнува помош од Словенија, Србија, Турција и Црна Гора во борба против пожарите.

    „Се бориме против огнените стихии поради топлотниот бран. Интензивно сме во комуникација со повеќе пријателски држави од кои побаравме помош во рамките на нивните можности за гасење на пожарите. За скоро пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и Црна Гора“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

    Тој потсети дека министрите за одбрана, МВР, надворешни работи и трговија Мисајловски, Тошковски, Муцунски како и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов се во интензивна комуникација со нивните колеги од овие држави.

    „За само неколку дена после повеќегодишно запоставување и негрижа и затекната состојба на приземјени летала без пилоти, оспособивме летала кои се приклучија во гасење на пожарите и соодветен кадар. Се приклучи армијата и полицијата“, вели Мицкоски и додава:

    „Сега обезбедуваме и поддршка од пријателите. Нема да седиме со скрстени раце и ќе направиме сè што е во наша моќ и надлежност да се справиме со состојбите“.

    Во меѓувреме, продолжува да гори пожарот на планината Серта, гаснењето продолжува, утре изутрина ќе се гасне со хеликоптери и со ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување. Ова вечерва го истакна директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img