Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, на маргините на вториот Самит на Европската политичка заедница во молдавскиот главен град Кишињев.

На средбата, Ковачевски истакна дека Македонија ја осудува бруталната воена агресија што Русија ја врши врз независна и суверена Украина и ја поддржува евроатланската интеграција на земјата и посветеноста на политиката на отворени врати на НАТО.

– Го подржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нејзиното право да го трасира самостојно својот пат. Обезбедивме и ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка во секоја форма која и е потребна на Украина, истакна Ковачевски.

Тој потсети дека Македонија е дел од основачката група за формирање на Посебен меѓународен суд за кривичните дела од агресијата, со што и овој пат јасно се позициониравме на вистинската страна на историјата.

Зеленски се заблагодари за поддршката што украинскиот народ ја добива од Македонија во клучни моменти

– Не правевте калкулации, бевте покрај нас од првиот ден и украинскиот народ и ние го цениме тоа, истакна украинскиот претседател.

Share This Article