More

    ПРЕМИЕРА НА ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ „ПОСЕАНА НАДЕЖ “ ВО КИНОТЕКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, 21.02.2023, 17 часот

    spot_img

    На 21.02.2023 година, во Кинотека на Северна Македонија, од 17 часот ќе се одржи премиера на документарниот филм „Посеана надеж“. На премиерата ќе се обрати Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, Амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир и тим лидерката на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“, Барбара Садовска.

    Режисер на филмот е Костадин Анастасов, а директор на фотографија е Фејми Даут. Документарниот филм е снимен на повеќе локации и во него учествуваат 15 социјални претпријатија, кои преку своите емотивни приказни не уверуваат дека и во нашата земја постојат претпријатија кои се темелат на солидарност и желба да се помогне на маргинализираните групи, вклучувајќи ги во општеството. Социјалното претприемништво кај нас е во зародиш, но овие претпријатија се семки на надеж кои допрва ќе се развијат, овозможувајќи им на ранливите лица нови можности.

    Проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ е финансиран од ЕУ, имплементиран од Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img