Премиера на документарниот филм „1000 години-Сведок на светлината“, во режија на Илија Ико Каров, посветен на Бигорскиот манастир

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во НУ Македонски народен театар синоќа се одржа премиерата на документарниот филм „1000 години-Сведок на светлината“, во режија на Илија Ико Каров, посветен на Бигорскиот манастир, по повод големиот јубилеј на манастирот, кој го доловува духовниот монашки континуитет низ вековите.

На премиерата, покрај монашката заедница од Бигорски манастир, предводена од отец Партениј, присуствуваше поглаварот на Македонската православна црква Охридска архиепископија г.г  Стефан, претседателот Стево Пендаровски, министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за финансии Фатмир Бесими, за економија Фатмир Бесими, за одбрана Славјанка Петровска, и за правда Никола Тупанчевски, како и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

„Премиера на документарниот филм „1000 години Сведок на Светлината“ посветен на еден од најубавите и најзначајните македонски манастири Св. Јован Бигорски. Гордоста на македонскиот народ и македонската Црква, симболот на непокор, кој одбележа 1000 години од своето постоење“, напиша претседателот Пендаровски на својата Фејсбук страница.

Во неодамнешното интервју за МИА режисерот Каров рече дека овој филм говори за љубовта, постоењето, заборавените вредности, духовната преобразба и е морално патување нагоре кон вечноста.

– На секои илјада години во Бигорскиот манастир процутува по еден цвет, којшто сведочи за една друга убавина, не од овој свет. Тоа е токму оној петтиот елемент кој им дава потекло на сите оние познати четири елементи, тоа е онаа убавина којашто многу просветлени и филозофско освестени луѓе ја сместиле во центарот, како есенција на мудроста. И овој филм е токму за таа убавина што веќе еднаш го спаси светот – вели режисерот Каров за филмот за Бигорски.

Каров кажа дека филмот го снимиле без финансиска поддршка, но самиот тој и целата екипа за возврат добиле многу повеќе.

– Едноставно не ни требаше финансиска поддршка. Нашите хонорари сесрдно без колебање ги дониравме, никогаш не ни стана збор за некој од нас да побара какви било пари. Ние за возврат добивме многу повеќе, нешто што не можеме да го потрошиме за време на животот, туку напротив можеме да го умножиме заради тоа што светлината и љубовта се единствените два елемента во нашиот живот што кога се делат, се умножуваат – вели режисерот Каров за МИА.

Во рецензијата на филмот напишана од етнологот Владимир Деловски се вели дека филмот е автентичен, вистинит, а во неговата срж е љубовта.

– „Сведокот на светлината“ транзитира, поставувајќи темели на една подруга документаристика за Бигорскиот Манастир. Досега бевме навикнати само на еден репортажен пристап. Овој филм отвора перспектива на оригиналност, автентичност, непосредност и доживеаност. Тој е складен со традицијата и наративот, но има и нешто ново и оригинално, нешто свое. Без овие нешта хДокументарниот филм „1000 години-Сведок на Светлината“ на „Кат продукција“ е сниман речиси пет години. оризонтот на филмот останува затворен или сувопарен – се наведува во рецензијата за филмот.

- Advertisement -
Ad image

Документарниот филм „1000 години-Сведок на Светлината“ на „Кат продукција“ е сниман речиси пет години.

Share This Article