More

    Преку нив ги бркаат дисидентите кои пребегале од Кина во странство

    spot_img

    Илегални полицисики станици и подружници составени од кинески полицајци отворила Кина во дури 25 градови низ 21 странска земја, повеќето во Европа. Во Холандија, властите почнаа истрага за две станици во Амстердам и во Ротердам. Кина ги користи овие станици за да ги апси и да ги враќа кинеските дисиденти назад во матичната земја, пишува Гардијан.

    Станиците во Амстердам и Ротердам се наоѓале на бензински пумпи, а според медиумите РТЛ Њуз и „Follow the Money“, преку нив кинески државјани си ги обновувале возачките дозволи и го менувале својот граѓански статус. Тие оперираат во Холандија уште од 2018 година, соопшти холандската влада.

    Кина низ светот има отворено 54 станици, вклучително и девет во Шпанија, четири во Италија, три во Франција, две во Холандија и две во Велика Британија, во Лондон и Глазгов. Се вели дека дел од нивната цел била да ги „убедат“ дисидентите да се вратат во Кина.

    „Овие операции ја избегнуваат официјалната билатерална полициска и судска соработка, го нарушуваат меѓународното владеење на правото и може да го нарушат територијалниот интегритет на трети земји со воспоставување на паралелен полициски механизам користејќи нелегални методи“, се вели во извештајот.

    Холандија и Кина се потписници на Виенската конвенција, со која се уредуваат дипломатските претставништва. Мора да се даде претходна дозвола за каква било активност за собирање разузнавачки информации, а административните прашања треба да ги решаваат конзулатите.

    Претходно во октомври, на продемократски демонстрант од Хонг Конг му требало болничко лекување, откако бил претепан од мажи кои изгледале како да излегле од кинескиот конзулат во Манчестер.

    Холандските медиуми објавија дека станицата во Амстердам била составена од двајца поранешни полицајци од силите Лишуи, Кингтиан, додека со центарот во Ротердам, со седиште во стан, управувал поранешен припадник на кинеската војска за провинциските сили Фужоу.

    Двата региони се во источна Кина, од каде доаѓаат многу кинески државјани во Холандија. Според германски РТЛ, неколку кинески веб-страници опишуваат дел од целта на станиците како „судење на криминални активности поврзани со прекуокеански Кинези“.

    Еден млад дисидент, Ванг Џингју, кој го критикувал режимот во Пекинг на социјалните мрежи во Кина, а сега добил азил во Холандија, рече дека бил контактиран од кинеската станица во Ротердам веднаш штом пристигнал.

    – Тие ме замолија да се вратам во Кина за да ги средам моите проблеми – изјавил тој.

    – Исто така, ми рекоа да мислам на моите родители.

    Тој рече дека подоцна добил заканувачки текстуални пораки и телефонски повици, вклучувајќи ја и пораката „Ќе те убијам“ со фотографија од пиштол.

    Кинеската амбасада во Холандија во одговор по е-пошта одговорила дека не знае за постоењето на станиците.

    Вилемијн Аердс, експерт за разузнавање на Универзитетот во Лајден, вели дека извештаите се совпаѓаат со моделот на засилена кинеска активност.

    – Тоа се вклопува со она што го видовме од Кина во последниве години  Останува на владата да види како може да ги заштити Холанѓаните од ова и да преземе контрамерки – рече таа за холандските медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img