More

    Преку илегален кол-центар (центар за повици) во Белград биле измамени граѓани на кои им било сугерирано да инвестираат во криптовалути

    spot_img

    Преку илегален кол-центар (центар за повици) во Белград биле измамени граѓани на кои им било сугерирано да инвестираат во криптовалути. Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ вели дека во широка акција на српските институции и истражните органи на Германија и на Кипар е разбиен меѓународен синџир.

    Десетици вработени кои биле затекнати во кол-центарот во Белград се испитуваат за учество во измамнички активности.

    Според информациите во официјалното соопштение на Европол, досега се идентификувани околу 120 жртви, кои загубиле околу 12 милиони евра. Сепак, натамошните проценки на германските истражители покажуваат дека има многу повеќе жртви ширум светот и дека измамата изнесува најмалку 300 милиони евра.

    Како резултат на оваа истрага, беа идентификувани голем број осомничени, меѓу кои и главниот сторител од Кипар, кој сега е уапсен.

    – По операцијата, Сојузното обвинителство и полицијата на Германија изразија благодарност до Службата за борба против високотехнолошкиот криминал и до регионалните полициски управи на Полициската управа, како и до Специјалното одделение на Обвинителството за борба против високотехнолошкиот криминал, за нивно учество во споменатата акција бидејќи при претресот за водење на кривична постапка и понатамошна обработка на осомничените од страна на германските истражни органи пронајдени се материјални докази – изјави министерот Дачиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img