More

    Преку Фондот за школување ќе се обезбедат компјутери и школување

    spot_img

    Извршниот директор на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, Александар Марјановиќ, денеска се сретна со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска со која разговараше за соработката помеѓу Министерството и Фондацијата, со цел спроведување активности за поддршка на децата без родители, сместени во згрижувачки семејства и децата на самохрани родители.

    Министерката Тренчевска и директорот Марјановиќ изразија заеднички оптимизам и ангажман за изработка на политики што ќе го поддржат процесот на деинституционализација и ќе обезбедат подобри услови за децата. Од посебно значење е истакнувањето на принципите кои ги заговара Министерството, вклучувајќи работење со секое дете поединечно, образование, стекнување на вештини и знаења.

    – Процесот на деинституционализација, работењето со секое дете поединечно, овозможувањето на услови за образование, стекнување вештини и знаења се клучни темели врз кои се креираат политиките за детска заштита во Министерството за труд и социјална политика – изјави министерката Тренчевска.

    Во исто време, Марјановиќ најави дека Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ го формира Фондот за школување. Преку овој Фонд, со помош на донации од компании и поединци, се планира обезбедување компјутери, помош во школување и менторска поддршка за децата без родители. Целта е да се овозможи овие деца да се осамостојат и да си обезбедат пристојни услови за живот во својата земја.

    – Една кинеска мудрост вели: „На гладниот дај му риба и ќе го нахраниш за еден ден. Научи го да лови и ќе го нахраниш за цел живот“. Во овој дух Фондацијата ќе се обиде да им помогне на децата, учејќи ги на вистински вредности во животот – изјави Марјановиќ.

    Со поддршка на Министерството за труд и социјална политика, Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ наскоро ќе ги започне своите активности, кои имаат цел да им помогнат во обезбедување перспективна иднина базирана врз знаење и вештини.

    Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ е непрофитна организација посветена на поттикнување на образованието, лидерството и социјалниот развој во Македонија. Со фокус на зајакнување на младите и култивирање на идни лидери, Фондацијата работи неуморно да инспирира позитивни промени и да придонесе за растот и просперитетот на земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img