Телевизиските канали во Франција беа погодени од глобалниот дефект во компјутерските системи што создаде хаос низ светот, јави ДПА.
„Канал+“ ги извести своите гледачи дека има дефект на ИТ што го спречи емитувањето на неговите редовни програми.
Погодена беше и ТВ ТеФ1. Водителка за време на пренос објави дека каналот не може да емитува се што е содржано во неговата програма.
Сè уште не е познато што го предизвикува дефектот на ИТ системите што ги погодува компаниите ширум светот, но постојат сомнежи во компанијата за сајбер безбедност „Краудстрајк“ (Crowdstrike)објави Би-Би-Си.
Околу 110.000 комерцијални летови беа закажани денеска низ светот – 1.390 се откажани поради глобалниот компјутерски дефект, соопшти компанијата за воздухопловна аналитика Цириум.
Од компјутерскиот дефект погодени се и болниците. Две болници во северните германски градови Либек и Кил ги откажаа операциите, соопшти нивниот оператор.