Фудбалерите на Црвена звезда синоќа гостуваа кај Интер во второто коло од Лигата на шампионите на стадионот „Џузепе Меаца“, а српскиот пејач Никола Роквиќ е во Милано каде ги бодри српските спортисти.
Роквиќ се огласи на социјалните мрежи и сподели видео од улиците на споменатиот италијански град.
Со него бил и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ, кој ден претходно објави фотографија од Милано на својот профил на Инстаграм, а изгледа одлично се забавувале.
– Господ да ни даде среќа да се вратат деновите, славните денови од нашето минато и нашите деца на Маракана да се радуваат на светската титула – ја започнал песната Никола која е позната меѓу навивачите на Ѕвезда, притоа гушкајќи го Душко.
Тошиќ пеел со Роквиќ, а пејачот на крајот од видеото порачал:
– Одиме, Звезда!