Познатата пејачка Лепа Брена и Боба Живојиновиќ неодамна заминаа на одмор, а како и досега со својата јахта ќе патуваат по Јадранот.
Пејачката сега сподели заедничка фотографија на која позираат прегрнати и среќни, а многумина забележаа дека Брена на себе нема ниту грам шминка.
Брена и Боба во моментот се во Мали Лошињ, поточно во Чикат, каде што летуваат со години.
Таа го фотографирала морето, а потоа објавила селфи со сопругот.
Да потсетиме, пејачката неодамна изненади со објава од морето, каде се гледа дека скокнала во вода во костум, додека носела и очила за сонце. Пејачката била насмеана, а очигледно било дека ужива, а многумина напишаа дека Брена очигледно го задржала детскиот дух.
ФОТО: Инстаграм