Предвидени се 225 милиони евра за справување со кризата, тврди Бесими

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поддршката во вид на субвенции за ублажување на ефектите од енергетската криза ќе продолжи и годинава.

Во буџетот се предвидени средства за оваа намена, со кои ќе се поддржат граѓаните, како и малите и средни фирми за намалување на ефектите од енергетската криза, порача министерот за финансии, Фатмир Бесими во гостување на Вин-Вин.

– Во Буџетот за годинава се предвидени 225 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството за справување со кризата од кои дел се наменети за ЕСМ – рече Бесими и додаде дека и Европската Унија како грант додели 84 милиони евра за справување со енергетската криза за оваа година.

Министерот посочи дека ефектите од субвенциите се гледаат во сметките за електрична енергија што ги добиваат граѓаните каде стои колкава е субвенцијата што ја добиваат, бидејќи тоа се нивни пари кои доаѓаат од даноците што ги плаќаат.

– Граѓаните треба да знаат каде се трошат нивните пари, а само политика на Владата е да ја даде субвенцијата – вели Бесими.

Министерот посочи дека изминатата грејна сезона, Владата преку субвенции кон АД ЕСМ и фискалните импликации од намаленото ДДВ ги поддржа граѓаните и фирмите со вкупно 400 милиони еврa за справување со енергетската криза.

Share This Article