Републичкиот хидрометеоролошки завод во Србија рано утрово издаде предупредување за невреме и за оркански југоисточни ветришта кои ќе ја зафатат територијата на нашиот северен сосед.
„Времето денеска ќе биде ветровито. Ќе дува умерен и силен југоисточен ветер. На југот на Банат повремено се очекуваат и оркански удари кои се со брзина поголема од 86 километри на час“, се вели во предупредувачкото соопштение.
Скоро за цела Србија е издаден жолт метеоаларм, додека за подрачјето на Банат е издаден портокалов метеоаларм, што значи дека временската прогноза е застрашувачка. Прогнозирани се опасни временски непојави, а нивниот интензитет може да предизвика материјална штета и да биде опасен за луѓето и за животните.
„Секој треба да биде внимателен, свесен за ризикот и редовно да се информира за деталите од очекуваните метеоролошки услови. Секој треба да ги следи советите кои ги даваат надлежните државни служби“, се вели во соопштението на Републичкиот хидрометеоролошки завод во Србија.