Предупредување на германските машиновозачи: Штрајковите ќе бидат поинтензивни и подолги

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
A man checks his mobile phone in the central train station in Frankfurt, Germany, Friday, Dec. 8, 2023, when train drivers of the GDL union went on a 24-hour-strike. (AP Photo/Michael Probst)

Машиновозачите на Германските железници започнаа еднодневен предупредувачки штрајк барајќи намалување на работното време за работниците во смени, пренесе Хина. Штрајкот започна во четвртокот вечерта во патничкиот сообраќај.

Синдикатот на машиновозачите на Германија објави дека тоа е предупредувачки штрајк и „последниот штрајк оваа година“.

Во јануари штрајковите ќе бидат поинтензивни и подолги, предупреди синдикатот на машиновозачите.

Целта на штрајкот е да се зголеми притисокот во сегашната рунда на колективни договарања.

Најважното нешто што го бара синдикатот е намалување на работното време за работниците во смени.

Share This Article