Пред дискотека се степале директори на училишта

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Директорите на две основни училишта од Кавадарци синоќа под дејство на алкохол, крајно недолично се однесувале во дискотека, а излегувањето го завршиле со физичка пресметка.

„Ние како родители сме згрозени од ваквиот однос во дискотека каде излегуваат нашите деца и бараме да се преземе одговорност и да си поднесат морални оставки. Градоначалникот и градот да превземат мерки за ваквиот недоличен однос од страна на директори на основни училишта“, се наведува во описот на видеото кое е објавено на Фејсбук.

– Денеска околу 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги привеле С.П.(54) и Ѓ.Ѓ.(39), двајцата од Кавадарци затоа што пред угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниор ред и мир и агресивно се однесувале кон лица од обезбедувањето. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – појасни за МИА Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев за некои од медиумите истакнал дека по информациите добиени од МВР, ќе ги разреши директорите на основни училишта.

Share This Article