More

    Пред 6 месеци биле одбиени за престој во Македонија поради исламски конекции во нивната земја

    spot_img

    Дваесет државјани од државата Бангладеш кои првично оценети како безбедносен исламски радикален ризик добиле дозволи за работа во Тетово.

    Првичните проверки на луѓето од Бангладеш направени во мај годинава покажале дека се работи за луѓе кои носат безбедносен ризик заради исламски конекции во нивната земја по што биле одбиени од македонските институции за добивање на дозволи за работа и престој и работа во Македонија.

    Оваа информација ја открива техничкиот министер за внатрешни работи во последната техничка влада Наќе Чулев кој е и поранешен шеф на Агенцијата за разузнавање.

    По само 4 месеци на мистериозен начин истите лица кои во месец мај добиле негативна безбедносна проценка заради можна поврзаност со радикални исламски организации добиле дозволи за работа и престој во Македонија поточно во Тетово.

    Чулев бара одговор од институциите кои го смениле првичниот став зошто е сменета безбедносната оценка за државјаните на Бангладеш каде според западните агенции се активни неколку моќни исламски терористички организации, а оваа земја беше и дом на ќелии на Ал Каеда и ИСИС.

    Чулев оваа информација ја објави во емисијата „Заспиј ако можеш“ а информацијата не е демантирана ниту од институциите кои дозволиле ризичната група да влезе во Македонија ниту од надлежните служби за безбедност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img