Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година, во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација на Српската Православна Црква предводена од Неговата Светост.
На 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Неговата Светост српскиот Патријарх г. г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински Цркви, ќе служат Божествена Литургија.
Го повикуваме верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија да земе молитвено учество.