„Правта на библиотеките“ е дел од познатиот „белградски“ циклус на авторот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Романот „Правта на библиотеките“ на академик Митко Маџунков е објавен на бугарски јазик во издание на „Book All“ (Книги за сите) од Софија. Преводот од македонски на бугарски јазик е на Мариан Петров, а ликовно-графичкиот дизајн е на Николај Пашалиски.

Како што пишува во најавата на издавачот, романот е дел од познатиот „белградски“ циклус романи на Маџунков, кои се случуваат од сабота до понеделник во мај 1986 година, а чие „дејство“ опфаќа подолг временски период – од распадот на Југославија до разнебитувањето на Македонија.

Романсиерскиот циклус, започнат со романот „Времето на ирвасите“, продолжи со „Птиците од ланските гнезда и „Правта на библиотеките“ и на крајот се затвори со „Времeто пред приказната“, објавен пред две години во Скопје, вели писателот Блаже Миневски.

Тој објаснува дека во метафоричка смисла, романот „Правта на библиотеките“ говори за светот како пародија на сопствените вредности, базиран врз фалсификати наспроти злоупотребените оригинали.

Share This Article