More

    Правните застапници на осуденикот Боки -13 поднесе барање до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да одреди термин за доставување докази и сослушување на подносителот Боки-13

    spot_img

    Правните застапници на осуденикот Бојан Јовановски познат како Боки -13 поднесе барање до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да одреди термин за доставување докази и сослушување на подносителот Боки-13.

    „Ви соопштуваме дека во врска со кривично-правната операција со кодно име Бумеранг од страна на полномошниците на подносителот Бојан Јовановски , м-р. Владимир Туфегџиќ и Сашко Дукоски, адвокати од Скопје, вчера на ден 28.02.2023 година истакнато е барање за определување на термини за доставување на докази и сослушување на подносителот Бојан Јовановски пред надлежниот обвинител по оформениот предмет од јавниот обвинител Ислам Абази. Поради итноста, но истовремено и поради целисходноста и ефикасноста на започнатата кривично-правна операција со кодно име Бумеранг ја информираме јавноста дека од наша страна за почеток на овој процес ќе бидат побарани однапред определени и утврдени повеќе термини со оглед на обемноста на доказниот материјал. Квалитативната обработка на материјалот, доказите ќе се врши исклучиво во присуство на подносителот Бојан Јовановски и на неговите полномошници, адвокати.

    Поради чувствителноста , карактерот и сериозноста на отпочнатиот процес со кодно име Бумеранг апелираме до јавноста дека истиот ќе се врши транспарентно во име на високиот степен на јавниот интерес. Гласно укажуваме до центрите на моќ кои веројатно се директно засегнати од овој процес да не вршат притисоци, да не упатуваат директни и индиректни закани и да престанат со незаконски дејствија на уценувања и заплашувања со цел да го спречат и попречат започнатиот процес „Бумеранг, секако дека ваквите погоре опишани дејствија од центрите на моќ беа очекувани за нас, но недвојбено истакнуваме дека ништо од сето тоа нема да ја спречи реализацијата на кривично-правната операција Бумеранг и дека во одреден момент доколку продолжи трендот на притисоци, закани, уцени, засегнатите страни ќе добијат соодветен одговор за нивните незаконити дејствија кои интензивно и задкулисно се случуваат изминатите денови од кога е јавно објавено започнувањето на процесот .

    Го повикуваме и меѓународниот фактор во име на императивната заложба за владеење на правото и во име на фактот сто во изминатите години токму од меѓународната заедница се вложени големи финансиски средства во нашата држава и правосудните институции за подобрување и прогрес на правото и правната држава, да го следат со внимание отпочнатиот процес и во рамки на своите надлежности да дадат свој позитивен придонес кон реализација на процесот. Јавноста ќе биде информирана за првиот термин и за останатите усогласени термини за предавање на доказниот материјал и пријави во ОЈО за ГОКК Скопје“ – се вели во соопштението на тимот на Боки-13.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img