More

    Правниот тим на Рашковски тврди дека тој е неосновано обвинет

    spot_img

    Постои одлука на Владата на Република Северна Македонија за набавка на „спорниот” софтвер којашто датира од декември 2019 година, тврди правниот тим на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, обвинет за злоупотреба на службената положба при набавка на софтвер за контрола на сообраќај и изрекување сообраќајни казни.

    „Софтверот е набавен со Одлука на Влада, со документ за технички прием и во целосно легитимна постапка ова го потврдува и ОЈО со материјалните докази. Постојат и документи што потврдуваат дека софтверот има технички прием. Тоа значи дека е почитувана целосно постапката за набавка во Влада и дека целиот процес е легитимен. И покрај тоа што тој документ постои и докажува дека се е законски спроведено, ОЈО го игнорира овој факт и свесно продолжува да брани обвинение кое нема никаква основа.

    Имено, во дописот испратен до Основното Јавно Обвинителство во јуни 2021 ги има сите документи, одлуката, записник од техничкиот прием, потврда дека софтверот е во сопственост на државата. Нејасно е зошто одлуката на Влада не се доставува како доказ од ОЈО. Постапката е целосно почитувана за набавка на софтверот, а јавното обвинителство игнорира дел од документите за да прикаже друга реалност. Поставуваме прашање, дали се бориме вистината да излезе на виделина, или некој намерно сака да прикаже сосема друга слика во јавноста. Зошто овие документи не се презентираат во Судот? Поради тоа следниот месец ќе направиме и јавно вештачење на централна скопска улица за да се увери јавноста дека софтверот функционира“ – се вели во соопштението на правните застапници на Рашковски.

    Против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски и уште шест лица во октомври 2021 година беше покренато е обвинение за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари. Обвинителството смета дека Рашковски во периодот од јуни 2017 година до февруари 2021 година, со умисла помогнат од двајца надворешни соработници, ги извршил кривичните дела.

    „Тој не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици“, се наведува во обвинението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img