Правничката Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Судскиот совет

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Правничката Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Судскиот совет. Ќе остане член на Советот, додека ѝ трае мандатот.

Својата одлука таа денеска ја соопшти во обраќање до јавноста, во кое истакна дека во изминатиот период политичари од власта правеле обиди да го нарушат нејзиниот личен интегритет.

– Во изминатиот период нема слух кај извршната и кај законодавната власт за да се обезбеди брза и ефикасна судска власт, која треба да се обезбеди со финансии. Согласностите за 2024 година беа одбиени, финансиите скратени… Политичарите, претседателот на Владата, изразуваат критики за Судскиот совет, негативен став за судиите. И сметам дека единственото нешто што ми останува е да го зачувам мојот мир и спокојство. Затоа, поднесувам неотповиклива оставка од функцијата – рече Дамева.

Од собраниската говорница политичарите правеа обиди да се наруши мојот интегритет, додаде таа.

– Премиерот Христијан Мицкоски токму од собраниската говорница изнесе наводи дека во Судскиот совет, со кој раководам, има некакви кланови и дека се фалсификуваат записници. Во неколку наврати, тој и политичари од сегашната власт се обраќаа со негативни ставови за членови на Судскиот совет. Сето тоа во насока да се претстави во јавноста дека јас или членови на Советот не ја извршуваме функцијата професионално и стручно. Бевме посочени како тела кои треба да бидат распуштени. Во телевизиско гостување истакна и дека на нашето место треба да дојдат нивни луѓе, претпоставувам дека тоа се однесува на судии или обвинители кои се блиски до владеачката политичка партија. Поразително е за една демократска држава – рече Дамева.

Таа посочи и дека од пратеникот во Собрание, Антонијо Милошоски, биле изнесени закани со кривична одговорност.

Дамева се заблагодари на членовите на Советот, за кои рече дека имаат интегритет. Според неа, мнозинство во Судскиот совет се професионалци.  Рече дека најголема почит има за судиите кои не им се додворуваат на политичарите.

– Длабоко во себе верувам дека судиите се професионални и непристрасни. На тие кои не се, им порачувам: не си играјте со огнот, ја девалвирате судиската функција која не е занает и трговија, туку значи правораздавање. Очекувано е голем број судии кои правораздаваат сами да се огласуваат, а кацерот од нивните редови, сами да го отстрануваат – рече Дамева.

Според неа, политичарите треба да сфатат, дека судската власт е самостојна и независна.

- Advertisement -
Ad image

Дамева истакна дека клучно за да ја донесе одлуката за повлекување биле текстовите во медиумите со кои се оцрнувала, а во врска со судска постапка во која странка е компанија на нејзниот сопруг.

Рече и дека лани, кога незаконски ја разрешија од функцијата претседател, се мислела дали воопшто да се врати во Судскиот совет.

– Долго се мислев дали да се вратам како претседател и да останам на функцијата, бидејќи знаев дека поради однесувањето на одредени членови на Советот ќе има критики и опструкции. На тие членови ставот не им бил самостоен, иако преку образложенијата, изгледало така – посочи Дамева.

- Advertisement -
Ad image

Таа истакна дека одлуката ја донела за да го заштити својот углед, но и за да го заштити семејството.

На Дамева двегодишниот мандат како претседател на Судскиот совет ѝ истекува задутре, на 4.12.2024 година. Лани беше незаноски разрешена од фунцијата 8 месеци, поради што таа имаше намера мандатот да ѝ биде продолжен за толкав период, но по реакциите, таа денеска се повлече од претседателското место.

Share This Article