Правичната застапеност мора да е согласно препораките

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Новиот закон за правична застапеност, кој ќе го замени балансерот, мора да биде во согласност со Уставот и препораките на Венецијанската комисија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Јас нема да бидам секундант, но она кое што го знам е дека новото законско решение мора да биде уставно и мора да биде согласно препораките на Венецијанската комисија. Затоа, можеби е подобро пред да биде донесено во Парламентот, да се испрати на мислење во Венецијанската комисија, за да не се доведуваме во состојба ние да се претвораме во уставно-правни експерти, а не сме, и да кажуваме како требало – рече Мицкоски.

Прашан за изјавата на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами во врска со двојазични банкноти, Мицкоски посочи дека оваа изјава не е барање на Касами, туку негов коментар на политиката на ДУИ, кога е во опозиција.

– Изјавата на Касами не е во насока на тоа дека треба да имаме двојазични банконоти, туку изјавата е во насока на тоа да потенцира дека кога ДУИ вели дека има целосна имплементација на двојазичноста, во суштина не ја говори вистината, односно е измамник и ги мами луѓето. Тоа сакаше да каже. Повеќе е метафорично. Не е тоа барање, туку коментар на политиката на ДУИ во опозиција, затоа што кога ДУИ е на власт, има поинаква политика. Тогаш се важни тендерите, автомобилите… Кога се во опозиција, е тогаш е сосама поинаква состојбата – рече премиерот Мицкоски.

Share This Article