Прават залихи од брашно и масло за јадење

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Здружението на германски трговци со животни намирници  денеска апелираше до потрошувачите да не складираат прехранбени производи, особено брашно и сончогледово масло.

– Како и на почетокот на кризата со коронавирусот, клиентите треба да покажат солидарност и да купуваат во вообичаените количества – изјави портпаролот на тоа здружение, Кристијан Бочер.

Малопродажните синџири забележаа зголемена набавка на сончогледово масло и брашно од почетокот на руската инвазија врз Украина, која е еден од најважните производители на тие намирници.

Германија увезува 51 отсто сончогледово масло од таа држава.

Бочер истакна дека нема извештаи за проблеми со снабдувањето со сончогледово масло или брашно. Сепак, тој заклучи дека ако војната во Украина продолжи, тоа може да има влијание врз снабдувањето со тие производи.

По почетокот на војната во Украина, Здружението на германски трговци (ХДЕ) објасни дека војната во оваа земја не треба да влијае на снабдувањето со храна.

Share This Article