More

    Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат законот да се симне од дневен ред на Собранието

    spot_img

    По којзнае кој пат владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ го злоупотребува европското знаменце, овојпат предмет на злоупотреба е Законот за игри на среќа, иако за овој закон нема никакво повикување на регулатива или директива на Европската Унија која се транспонира во домашното законодавство, односно не се врши никаква хармонизација на македонското законодавство со законодавството на ЕУ – изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

    „За злоупотребата на европското знаменце за овој закон, упати јавно писмо со критики до Владата и австрискиот амбасадор. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија има конзинстентен став дека секој закон треба да го помине филтерот на предметната комисија, а Комисијата за европски прашања да ја проверува усогласеноста на законите со европските директиви и регулативи. Токму затоа, ќе бараме овој закон да се симне од дневен ред на денешната седница, а Собранието дополнително да ја преиспита употребата на ЕУ знамето за овој закон – рече Левкоф.

    Пратеникот исто така рече дека група свиркачи до ВМРО-ДПМНЕ изнесле сериозни аргументи дека ваквото законско решение го има пишувано еден вицепремиер кој, како што рече, неколкукратно ќе го зголеми своето лично богатство доколку овој закон биде донесен.

    – Пред неколку месеци пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ спречи донесување на автентично толкување за формирање на паралелна државна видеолотарија, неуспешен процес кој се одвиваше под покровителство на Артан Груби, но изгледа дека клишето криминалецот се враќа на местото на злосторот“, се применува. На мала врата се обидува да ги протне истите измени, овојпат со злоупотреба на инструментот европско знаменце“, но и да ги прошири, овојпат и уништувајќи ја конкуренцијата. Инсистирањето на ДУИ да се донесе овој закон ќе ни направи потенцијални проблеми со одредени земји членки на Европската Унија поради еклатантното фаворизирање на одредени економски субјекти и поради злоупотреба на знамето на европската унија за непостоечко усогласување со што се поткопува интегритетот на Собранието, на ЕУ и нејзините вредности – рече Лефков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img