More

    Пратениците можат само да ги оддолжат и да ги поскапат, реагира ДУИ

    spot_img

    Автопатиштата веќе не може да ги сопре никој и ништо, но доколку пратениците одлучат спротивно, проектот ќе трае многу подолго и ќе чини многу повеќе“, се наведува во реакцијата на Демократската унија за интеграција (ДУИ).

    „Процесот до потпишување на договорот за изградба на коридорите помеѓу Владата и конзорциумот ‘Бехтел и Енка’ трае веќе повеќе од две години и во јавниот процес беа вклучени сите. Договорот е обврска која што пратениците едногласно ја усвоија и обврзаа Владата да постапи. Проектот за изградба на автопатите на Коридорот 8 и 10-Д е амбициозен проект од национално значење за изградба на 109 километри автопат за 57 месеци (4 пати побрзо од просечната градба во нашата земја) преку нов модел што го користат најголемите, најискусните градежни компании во светот. Автопатиштата веќе не може да ги сопре никој и ништо, но доколку пратениците одлучат спротивно, проектот ќе трае многу по долго и ќе чини многу повеќе“, се наведува во реакцијата на ДУИ.

    Оттаму додаваат дека поради „дневна несфатлива политика на блокади во Собрание, граѓаните ќе треба да почекаат уште неколку години за да возат по автопат и ќе плаќаат милиони евра беспотребни дополнителни средства наместо со тие средства да се градат училишта, болници, градинки, гасоводи, железници, други автопатишта.’

    Партијата ја поздравува поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за изградбата на коридорите 8 и 10-Д искажана од Христијан Мицкоски. Тој вчера рече дека не е против изградбата на коридорите, туку дека е против договорот кој опфаќа плаќање пенали во вредност од повеќе од 200 милиони евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img