Пратениците денеска не задолжија со вкупно 250 милиони евра

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Сто милиони евра макрофинансиска поддршка од ЕУ стануваат достапни за Република Северна Македонија. Во Собранието е изгласано законското решение со кое се овозможува потпишување договор помеѓу земјава и  ЕУ, за добивање кредит  од 100 милиони евра кој ќе се повлекува во 2 еднакви транши следните 2 години.

– Средствата од ЕУ ќе помогнат да ги користиме за  резерви, за интервенција на пазарот на девизи или како директна поддршка за Буџетот со цел справување со ризиците кои произлегуваат од кризата. Ова е значајна поддршка во време на криза, особено што условите по кои се обезбедуваат се поволни и овозможуваат заштеди за нашиот буџет – изјави министерот за финансии Фатмир Бесими.

Земјава ваков кредит во износ од 160 милиони евра користеше и во  2020 и 2021 година за справување со последиците од ковид-19.

Новиот заем од 100 милиони евра ќе биде повлечен во две транши  од по 50 милиони евра во 2024 и 2025 година.

Во Собранието покрај овој закон за задолжување во ЕУ, се усвоени и законски решенија со кои се обезбедуваат пари за справување со последиците од кризата од КФВ банката, Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Фондот за меѓународен развој во рамки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) по Договорот за заем за Програмата за одржливост и отпорност.

Од КфВ банката се обезбедуваат 90 милиони евра за надминување на состојбата предизвикана од војната во Украина и енергетската криза, заради кои дојде до зголемување на цените на производите.

Од Фондот за меѓународен развој во рамки на ОПЕК се обезбедуваат 50 милиони евра поволни средства насочени кон подобрување на квалитетот на испорака на јавни услуги, попродуктивни работни места во приватниот сектор и зголемена климатска отпорност.

Исто така, 27,5 милиони евра се обезбедени од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка за продолжување на започнатите реформи на системот за социјална заштита и детска заштита.

Share This Article