Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на средбата со Вајмарската тројка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Уставни промени во околности на политички диктат не се прифатливи, а преговорите со ЕУ треба да бидат базирани по Копенхашките критериуми со заемна почит, поддршка и соработка – порачаа претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на парламентарните партии од Коалицијата за обнова на Македонија на вчерашната средба со висока делегација предводена од министрите за Европа на Сојузна Република Германија, Република Франција и Република Полска.

На средбата била дискутирана актуелната општествено-политичка состојба во Македонија, особено во врска со пристапувањето на Македонија кон Европската Унија.

„Од страна на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата беше истакнат недвојбениот став дека се залагаме за членство на Македонија во Европската Унија со силно зачуван и зајакнат идентитет, јазик, култура и вредности.
Претставниците подвлекоа дека остануваат на ставот дека уставни промени во околности на политички диктат од соседството не се прифатливи. Улогата на соседите треба да биде улога на поддршка на нашите европски интеграции, а не негирање на македонскиот национален идентитет.

Опозицијата воопшто не беше вклучена во преговорите кои резултираа со ултиматуми и барања кои отстапуваат од европските вредности и принципи. Оттука, за да се заштити процесот на пристапување од билатерализација, односите мора да се базираат на Копенхагеншките критериуми со взаемна почит, поддршка и соработка.

Гостите беа информирани и за високото ниво на корупција во државата, за криминалот но високите ешалони во владата на СДС и ДУИ, како и за катострофалните политики во секој сектор во државата“ – се вели во партиското соопштение од средбата.

Share This Article