More

    Пратеникот Пренџов објаснува зошто уставните измени сè уште не се поднесени во Собранието

    spot_img

    Изминативе 20 дена на површина излегоа две клучни работи. Првата работа е тоа што на СДС помил им е ДУИ отколку Македонија и повеќе се грижат за просперитетот на ДУИ, а втората работа е тоа што СДС повеќе се секира дали и кога Бугарите ќе влезат во Устав отколку дали и кога Македонија ќе влезе во Европската Унија. Овие две работи сега ѝ се јасни на целата јавност – изјави пратеникот од пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија” Љупчо Пренџов за „Само вистина” на Канал 5.

    – Во поглед на уставните измени, Ковачевски изјави дека некаде до 17 јуни во Собрание ќе пристигне предлогот за уставни измени, но два дена после него Артан Груби изјави дека до крајот на јули и зборот кој го кажа Ковачевски, гледаме не се стигнати. Ќе видиме дали Ковачевски или Груби одлучува. Тука можеме да видиме кој и како ја контролира Македонија – додаде Пренџов.

    Тој истакна дека суштината околу уставните измени зошто ги нема во Собрание, не е само заради тоа што опозицијата нема да ги гласа, најодговорно го тврдам тоа дека 44 пратеници нема да ги поддржиме, туку и стравот е од срамот што пратеници од владејачкото мнозинство нема да ги поддржат.

    – Затоа зборот на Ковачевски не важи ништо во реалноста. Затоа ги нема уставните измени, бидејќи знаат дека од нас нема да имаат глас, ама не знаат колку од нивните нема да ги гласаат. Ниту еден пратеник од тие 44 од коалицијата „За обнова на Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ, нема да ги гласа уставните измени под бугарски диктат – рече тој.

    Според Пренџов, власта е изворот на корупцијата во државата, бидејќи целата висока корупција е во кадри на СДСМ и ДУИ.

    – Премиерот вели дека за криминалот имало институции и тие институции требало да бидат поажурни, и да го истражуваат криминалот и тој криминал да го процесуираат. Сакам јавно да прашам под чија надлежност е Управата за јавни приходи? Под чија надлежност е финансовата полиција? Под чија надлежност е министерството за внатрешни работи? Под чија надлежност е Царина? Под чија надлежност е Агенција за перење на пари? Тоа се агенции и институции на прогон кои што ги именува Владата и премиерот и им одговараат на Владата и премиерот. Овие еден куп институции најдоа нула криминал, нула афери, нула кривични пријави на функционери и градоначалници” – истакна пратеникот од пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија” Љупчо Пренџов во емисијата „Само вистина” на Канал 5.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img