Неколкумина пратеници на Демократската партија во Албанија не добиле дозвола да влезат во просториите на албанското Собрание за да учествуваат на состанокот на Претседателството на Собранието, јавуваат денеска албанските медиуми.
Откако на минатонеделната седница вработените во гардата им ја блокираа вратата од зградата на пратениците поради нивното несоодветно однесување, пратеникот Фламур Нока одлучи денеска да се прекачи преку оградата и на тој начин влезе во просториите на Собранието.
На оградата се качи и пратеникот Саимир Кореши, но тој остана само неколку секунди на оградата и не реши да ја прескокне.
Во меѓувреме, пред вратата има неколку пратеници кои се расправаат со вработените во гардата, покажуваат снимките на медиумите.
Меѓу нив се пратениците Ервин Салијањи, Газмент Барди, Бледион Налбати, Хелидон Бушати итн.