Пратеник од опозицијата е хоспитализиран во Турција по тепачка во Парламентот за време на тензичната дебата за државниот буџет за следната година.
Телевизиите објавија снимки од десетици пратеници од Партијата на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и опозициските политички сили како се тепаат меѓу себе.
Некои од нив си разменуваат тупаници, а други се обидуваат да ги смират колегите.
Според турски медиуми, Хусеин Јорс, пратеник од опозициската Добра партија бил удрен во лицето. За Јорс се грижел негов колега, лекар, по што со возило на брза помош бил пренесен во болница. Јорс страда од проблеми со срцето и превентивно е сместен на интензивна нега.