Пратеничката Стојановска не е задоволна од намалувањето на акцизата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Потребно е со власта да ги усогласиме ставовите барем околу вакви прашања од кои што навистина зависи буквално животот на секој еден граѓанин во Република Македонија, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински Брифинг“.
Во однос на антикризните мерки на владата, Стојаноска смета дека со намалување на акцизата од 18 на 10 проценти всушност значи повторно повеќе пари за владата, потенцирајќи дека владата води грижа единствено за сопствените интереси и џебови.

– Лицемерно е да велат дека се грижат за граѓаните затоа што реалноста е дека не се грижат, затоа што сега и со намалување на акцизата на 10 проценти од 18 проценти поголем процент на пари ќе собира повторно владата. Еве нека пресметаат економистите, или Фатмир Бесими денеска нека каже колку се грижи за граѓаните, единствено се грижат за своите џебови – истакна таа.

Share This Article