More

    Пратеничката Панова објаснува зошто ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира законот за амнестија

    spot_img

    За какво растоварување на затворите станува збор кога предложениот закон за амнестија се однесува и на оние кои не почнале со издржување на затворската казна? Како ќе се подобрат условите ако во моментот чекаат да влезат во затвор 2.000 луѓе, а ќе излезат околу 280 луѓе, согласно ова законско решение? Пробацијата во Македонија воопшто не функционира, и ако сакаше министерот да ги растовари затворите требаше да работи на тоа да профункционира системот на пробација – рече Ели Панова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Студио 10 на телевизија 24.

    Според Панова ако Владата сакала да ги подобри условите можела да го направи тоа до сега.

    – Во 2010 е потпишан договор со банката за развој за реконструкција и биле определени 46 милиони евра, од заемот се повлечени само 21 милион евра и тоа во периодот на ВМРО-ДПМНЕ. Во време на актуелнава Влада нема ништо направено на овој план. Единственото нешто што треба да го направите е да направите план за тоа како да се подобрат условите. Ние сме држава во која има 386 избегани лица од затворите, нема казни за избеганите лица што значи се поттикнуваат да бегаат и слично. Оваа е четврта амнестија во овој период, а ништо не е направено – вели Панова.

    Панова укажа дека е многу јасно оти во Владата нема единствен став за овој закон.

    – Димитар Ковачевски рече ќе поднесува амандмани, Оливер Спасовски дека е против, Кренар Лога е решен да помине бидејќи очигледно го ветил на поединци. Судбината на истиот не се знае, но едно е јасно ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира, зашто тоа е закон со кој се амнестира криминал во државата, а тоа за ВМРО-ДПМНЕ е недозволиво – рече Панова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img