More

    Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не смета дека е потребна смена на собранискиот спикер Африм Гаши по инцидентот на скопскиот аеродром

    spot_img

    Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не смета дека е потребна смена на собранискиот спикер Африм Гаши по инцидентот на скопскиот аеродром.

    Од партијата на Христијан Мицкоски велат дека одговорноста е лоцирана, институциите како никогаш до сега презеле итни и неодлoжни мерки, а сега има и кривични пријави, додека во минатото ваквите случаи беа ставани под тепих.

    „Да потсетиме имаше времиња кога пајаци од Градски паркинг удираа полициски работници и никој со прст не мрдаше и десетици случаи од ваков тип на непостапување и безредие во владата на ДУИ и СДСМ. Ние докажавме дека држава има и дека законите мора да важат за секого. Обидите на СДСМ, ДУИ и на Левица да ќарат политички поени на оваа тема не нѐ изненадуваат и очекуваме вакви и слични обиди за девијантно однесување од нивна страна и во иднина. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изнесе јасна порака дека никој не е над законот. ВМРО-ДПМНЕ осудува и ќе осудува секогаш било какви дејствија надвор од законот и кои го нарушуваат редот, допрва ќе се уверуваат сите дека законите ќе важат подеднакво за сите“, се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img