More

    Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара итна расправа

    spot_img

    Нема поитна и поактуелна тема од скандалот на онкологија. Јавноста очекува одговори, а Собранието има и надзорна улога. Затоа, нека не се обидуваат да ја заобиколуваат и одолговлекуваат темата бидејќи немаат ниту време ниту оправдување, и нека ја стават итно на дневен ред точката за основање на анкетна комисија за скандалот во истата клиника – рече денеска на прес конференција пратеничката Дафина Стојаноска од име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

    – На денешната седница побаравме дополнување на дневниот ред, со предлог точка за расправа по однос на извештаите на ДЗР, во кои изминативе години се нотираат најголемиот број на неправилности во институциите, вклучително и сомнежи во однос на работењето на Клиниката за радиотерапија и онкологија, како и со предлог за основање на анкетна комисија за скандалот во истата клиника. Денеска видовме како коалицијата СДС и ДУИ во паника од јавна дебата на седница, се подели при гласањето по двете точки.

    Но неколку минути подоцна на предлог расправата да биде 2 точка соочени со фактот дека треба веднаш да се отвори расправа на која ќе мора да објаснат зошто ги игнорирале наводите од извештајот, и ќе мора да одговорат зошто владата на Ковачевски НЕ ПРЕВЗЕМАЛА НИШТО за пронајдените сомнежи, коалицијата повторно профункционира и сложно одлучија да избегаат од расправа па така оваа точка ја оставија ја оставија да биде 22. точка.

    Бидејќи сме сведоци како во минатото таљатовата собраниска пракса покажала дека тој има ексклузивно право за отворање и затворање точки без разлика на нивниот распоред и без почитување на Деловникот, алармираме и потенцираме дека и двете овие точки можат уште веднаш, денес да бидат отворени и да се постапи по нив.

    Нема поитна и поактуелна тема од скандалот на онкологија. Јавноста очекува одговори, а Собранието има и надзорна улога. Затоа нека не се обидуваат да ја заобиколуваат и одолговлекуваат темата бидејќи немаат ниту време ниту оправдување.

    И срамот и одговорноста им се огромни затоа прават се да избегаат од тоа јавно да се проговори за еден од најголемите скандали што ја згрози македонската јавност!

    Нивната неодговорност продуцира нови и нови скандали. Затоа време е да се соочат со нивната одговорност и доколку навистина имаат чесни намери тогаш нема зошто денес да не ја отвориме оваа тема – рече пратеничката Дафина Стојаноска.

    На денешната седница како нови точки на дневен ред на 125. седница беа изгласани предлогот на пратеникот Миле Лефков да се разгледа конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за состојбите на Клиниката за онкологија во 2021 година и предлогот на неговиот колега од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, за формирање анкетна комисија за скандалот на Онкологија која, како што рече пратеникот, треба да „утврди политичка одговорност на здравствените и владините функционери кои биле дел од овој скандал“. Предлогот на Милошоски беше усвоен со 78 гласа „за“ од исто толку пратеници кои гласаа и ниту еден „против“ или „воздржан“.

    Откако спикерот Талат Џафери констатира дека предлогот е усвоен, рече дека тој се додава како 20., односно претпоследна точка на дневниот ред на 125. Седница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img