More

    Пратеничка од опозицијата кажа што мисли за премиерот на Косово

    spot_img

    Пратеничката на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), Ганимете Муслиу на денешната собраниска седница, на која се расправа за предлогот на Владата за буџетот за 2025 година, го нарече премиерот на Косово, Албин Курти „деструктивен, антидржавен, антинационален лажго“, јави дописникот на МИА од Приштина.

    Таа во своето излагање на денешната пленарна седница рече дека „премиер кој има чест и здрав разум ја предава фотелјата, а не државата“.

    – Ти, Албин, рече: ‘почестен сум да го однесам мандатот до крај’. Не, Албин, немаш чест, не знаеш што е чест, имаш срам, го имаш срамот да ја држиш земјава во заложништво со нула развој, со дијалог во корист на Србија, со санкции од Европската унија, со антиуставни министри. Еден премиер кој има чест и здрав разум ја предава фотелјата, а не државата, како што тоа го правиш ти, Албин. Петте години на власт ќе останат запаметени како најтемните пет години од формирањето на Косово како држава. Ќе останеш во историјата како деструктивен, антидржавен, антинационален лажго. Ти си срамот на оваа држава – рече Муслиу.

    Заменик-претседателката на Собранието на Косово, Саранда Богујевци, ја предупреди Муслиу за јазикот што го употребува кон премиерот, порачувајќи ѝ „да внимава со речникот“

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img