Пратеничка од ДУИ поставила дури 49 прашања, ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ излегоа од денешната седница со пратенички прашања и порачаа дека ќе се вратат кога ќе почнат усните прашања. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на почетокот од седницата го обвини парламентaрното мнозинство дека сака да избега од пратенички прашања.

– Власта преку смислено сценарио ќе се обиде да избега како ѓавол од темјан од нашите прашања така што на почетокот од седницата во делот на одговорите на писмените прашања ставаат околу 56 пратенички прашања од кои 49 од прашањата се на власта, а само седум се на опозицијата. Ова е деловнички, меѓутоа власта преку своите пратеници сака да ја одолговлекува седницата и да го ускрати поставувањето на вистинските прашања од опозициските пратеници. Накратко кажано, сами на себе ќе си поставуваат пратенички прашања – рече Мицевски според кого власта со тоа бега од одговорност и од дебата.

Тој најави дека пратениците од опозицијата ќе излезат и повторно ќе се вратат на седницата, кога ќе дојде време, како што вели за вистинските и незгодни прашања.

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски му реплицираше на Мицевски дека не држи забелешката дека мнозинството бега од дебата и оти и самиот кажал дека ова е деловничка можност.
– Не знам од каде таа забелешка дека бегаме од пратенички прашања кога има директен пренос, сите пратеници се присутни во салата, како и премиерот и целата Влада. И самите кажавте дека пратениците ја имаат таа деловничка можност помеѓу две седници да поставуваат писмени пратенички прашања преку претседателот на Собранието до Владата и тоа право го искористиле и во сите овие 54 одговори кои што се добиени согласно Деловникот во роковите, има околу 6-7-8 одговори кои се добиени на прашања од пратенции од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа не ви ја прифаќам забелешката дека бегаме од дебата – рече Мисовски.

Пратеничката Илире Даути од ДУИ излезе со процедуарлна забелешка и посочи дека од 49 писмени прашања кои се поставени 41 се нејзини, а доминантно се однесуваат за лица во процедура за добивање државјанства.

– Не сум јас пратеничка од тие кои, како што велите вие, прави активна блокада на Собранието. Вие сте тие кои година и пол го блокирате Собранието, а која е добивката? Немате никаков одговор освен дека довербата кај граѓаните е само 2 – рече Даути и најави дека овие пратеничка прашања ќе ги поставува и понатму бидејќи биле на барање на граѓани.

Мицески реагираше дека за овие прашања Даути е дел од власта и треба да се обрати до Владата, а со нив се обидува да ја спаси власта.

Потпретседателот на Собранието Мисовски во реплика на процедуралната забелешка на Мицевски рече дека поради опозицијата која не го прифатила уставното име, пропаднала идејата за носење нов деловник кој требало да го реши овој проблем. Тој се надева дека тоа ќе биде регулирано во Деловникот кој што треба да се донесе во рамки на третиот процес „Жан Моне“.

Share This Article