More

    Прашањето не е дали ќе се срушат рекордите, туку за колку ќе порасне температурата

    spot_img

    Пожарникарите во Шпанија, Португалија, Франција и Грција се борат со шумските пожари кои зафатија десетици илјади хектари, а овонеделниот топлотен бран никому не му помага.

    Екстремните температури може да предизвикаат смрт на стотици луѓе ширум југозападна Европа, пишува Гардијан. Исто така, хрватските пожарникари се бореа со неколку пожари во Далмација.

    Температурата во Португалија деновиве се искачи на 47 Целзиусови степени, додека во Шпанија измерени 45 Целзиусови степени. Топлотниот бран предизвика пожари кои принудија илјадници луѓе да се евакуираат. Метеоролошкиот институт во Португалија не прогнозира температури пониски од 42 Целзиусови степени во наредните денови.

    Топлотниот бран штотуку започна
    Метеорологот Скот Данкан вели дека ова е само почеток. „Многу малку области на Земјата ќе бидат потопли од делови од ОК и Франција на почетокот на следната недела. Воздушната маса што стигнува до Западна Европа е без преседан. Не е прашање дали ќе се срушат рекордите, туку за колку“, објави тој на Фејсбук.

    Метеоролозите на AccuWeather предупредуваат дека ова е еден од најсилните топлотни бранови во повеќе од 200 години
    Метеоролозите на AccuWeather предупредија дека ова е еден од најсилните топлотни бранови во Западна Европа во повеќе од 200 години. Тоа продолжено, екстремно време може да стане смртоносно низ целиот континент, предупредуваат тие.

    „Постои загриженост дека овој топлотен бран може да стане продолжен топлотен бран (20 или повеќе дена) за многу локации од Португалија до централна Франција и во внатрешноста на југоисточна Европа, бидејќи може да трае до крајот на јули и да продолжи до август“, рече метеорологот на AccuWeather, Тајлер Ројс.

    Тој вели дека жештините може да ги зафатат долините на Унгарија, источна Хрватска, источна Босна, Србија, јужна Романија и северна Бугарија.

    Овој топлотен бран, според Ројс, би можел да му парира на топлотниот бран од 2003 година кога повеќе од 30.000 луѓе ги загубија животите, директно и индиректно поради горештините. Тој додаде дека ова може да биде еден од најлошите топлотни бранови во Европа од 1757 година.

     

    Во Португалија стотици мртви како последица на топлотниот бран
    Иако медиумите објавија дека бројот на активни пожари на копно се намалил на 11 од претходните 20, началникот за цивилна заштита на Португалија, Андре Фернандеш рече дека ризикот од пожар и понатаму е висок. „Ова е викенд на крајна претпазливост“, рече тој по една недела во која две лица загинаа во пожар. Повредени се над 60 лица, а изгорени се 15.000 хектари шума и вегетација.

    Од почетокот на годинава до средината на јуни опожарени се вкупно 39.550 хектари шума, што е трипати повеќе во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Заводот за заштита на природата и шумите. Властите во Лисабон денеска требаше да одлучат дали ќе ја продолжат вонредната состојба. Португалското Министерство за здравство соопшти дека во периодот од 7 до 13 јули од топлотниот бран починале 238 лица.

    Најголем дел од починатите се постари и лица со други болести.

    Пожари беснеат и во Шпанија, а има и смртни случаи од горештините
    Во Шпанија има различни нивоа на предупредување. Метеоролозите предупредуваат дека температурите во некои региони ќе се искачат до 44 Целзиусови степени. Повеќе од 600 членови на шпанската воена единица за итни случаи им помагаат на пожарникарите и чуварите на диви животни во борбата со десетици шумски пожари низ целата земја. Во Шпанија пожарите зафатија најмалку 14.000 хектари.

    Еден пожар на југот ги принуди властите да блокираат дел од клучниот автопат што го поврзува Мадрид со главниот град на Португалија, Лисабон, повеќе од 12 часа. Друг пожар во близина на јужниот град Малага принуди превентивна евакуација на над 3.000 луѓе, соопштија спасувачките служби.

    Пожарите изгореа илјадници хектари во југозападниот шпански регион Екстремадура, каде еден пожар беше намерно подметнат. Уште еден пожар уништи 200 хектари од националниот парк Монфрагуе во Екстремадура, пренесува Индекс.

    60-годишен чистач на улици почина по топлотен удар додека беше на работа во Мадрид. Ова е причината зошто градскиот совет најави флексибилно работно време за да можат службениците да ги избегнуваат најжешките делови од денот. Податоците од шпанскиот Институт за јавно здравје покажуваат дека имало 360 смртни случаи кои се припишуваат на горештините помеѓу минатата недела и петок. Од нив, само во петокот починале 123 лица.

    Илјадници евакуирани во Франција, бурните ветрови ја влошуваат ситуацијата со пожарите
    Во Франција ситуацијата со пожарите е слична како во Португалија и Шпанија. Пожарникарите во крајбрежниот град Аркахон во регионот Жиронд оваа недела се бореа со два шумски пожари. Пожарите уништија над 10.000 хектари шума. „Тоа е херкулеста работа“, рече шефот на пожарникарството и спасувањето Оливие Шават.

    Од вторникот, повеќе од 14.000 луѓе во Франција, и жители и туристи, беа принудени да избегаат, а седум засолништа за итни случаи беа формирани за да ги примат евакуираните. Француската влада ги засили напорите да ги заштити луѓето во домовите за стари лица, бездомниците и другите ранливи популации откако топлотниот бран и лошото планирање доведоа до речиси 15.000 смртни случаи во 2003 година, особено кај постарите лица.

    Во неделата попладне, регионалната влада на Жиронд соопшти дека ситуацијата и понатаму е многу неповолна поради бурните ветрови што помогнаа да се разгорат пожарите во текот на ноќта. Службениците за вонредни состојби, исто така, предупредија дека високите температури и ветровите во недела и понеделник ќе ги отежнат напорите да се запре ширењето на пожарот.

    Властите на француските Алпи ги повикаа планинарите на Мон Блан да ги одложат активностите за искачување поради повторените паѓања на карпите предизвикани од екстремните временски услови и сушата. Повикот дојде откако дел од најголемиот италијански алпски глечер попушти претходно овој месец, при што загинаа 11 луѓе. Официјалните лица ги обвинија климатските промени за катастрофата.

    Ситуацијата во Грција, Хрватска, Унгарија и Велика Британија
    Во Грција припадници на цивилната одбрана се бореа со пожарот кој беснееше на Крит. Во саботата пожарникарите соопштија дека пожарот е делумно локализиран. Борбата со пожарот однесе и човечки животи. Авион кој гаснеше пожар во Португалија загина по падот на авионот. Исто така, пилотот на хеликоптерот кој гаснеше пожар во Грција загина при падот на хеликоптерот во морето.

    Експертите ги припишуваат пожарите низ Европа на климатските промени и екстремните температури. Оваа недела пожари имаше и во Хрватска и Унгарија. Британските министри одржаа итен состанок откако Метеоролошката канцеларија издаде црвено предупредување за екстремни горештини. Тие предупредија дека постои ризик од смрт на луѓе за време на топлотниот бран.

    Британската метеоролошка служба соопшти дека температурите во јужна Англија би можеле да надминат 40 степени Целзиусови во понеделник и вторник. Ова поттикна некои училишта да се затворат. Градоначалникот на Лондон Садик Кан ги советуваше граѓаните да користат јавен превоз само доколку е апсолутно неопходно.

    Националните железнички оператори исто така ги предупредија патниците да избегнуваат патување со воз.

    Научник: Мора веднаш да престанеме да согоруваме фосилни горива
    Климатологот од Универзитетот во Бристол, д-р Јунис Ло, изјави за Би-Би-Си дека зголемувањето на температурите е знак за климатските промени. Таа додаде дека 2.000 дополнителни смртни случаи годишно во ОК може да се припишат на топлотните бранови.

    „Глобално топлотните бранови стануваат се почести и подолготрајни. Треба да престанеме да согоруваме фосилни горива и да дејствуваме сега и брзо“, изјави д-р Ло за Би-Би-Си

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img