ВМРО-ДПМНЕ сериозно ја сфаќа ситуацијата и уште во минатото понуди решенија и солуции за да не зависиме како држава само од соседите туку и самите да создадеме капацитети, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во емисија „24 анализа“ на 24 ТВ, во однос на најавата дека можеби ќе поскапат струјата и парното за 20% заради бугарската такса за транзит на руски гас.
– Како ВМРО-ДПМНЕ ја сфаќаме сериозноста на ситуацијата во моментот сме во една тешка економска состојба која што влијае и во севкупните односи во општеството и ги разгледуваме состојбите. Во моментот очекуваме документи да видиме каков би бил ставот заземен од ВМРО-ДПМНЕ по денешните случувања но не може со сарказам и маалски муабети да се објаснат овие ситуации бидејќи станува збор за еден сериозен удар врз економијата стопанството врз она што ќе значи Македонија во следниот период затоа што се очекува поскапување за 20% каков што ќе биде ефектот што слушнавме од предвидувањата на економистите. Ова може да биде само една школа што може да се очекува од Софија по системот награда или казна во следниот период“ – нагласи Стоилковски.
Стоилковски потсети и на понудените решенија и солуции од страна на ВМРО-ДПМНЕ за решавање на ваквите ситуации и укажа на тоа дека Македонија треба и самата да создаде капацитети за да не зависиме само од соседите.
– Да потсетам само на состојбата кога почна целата криза и кога ВМРО-ДПМНЕ понуди решенија и солуции на тоа како се решаваат тие ситуации со закупување на танкови каде што може да се складира гас, да направиш резерва, да се создаде систем за да не дојде до ваква ситуација бидејќи не е од вчера состојбата помеѓу ЕУ и Русија или влијанието на Русија врз Софија, или воопшто односите на Македонија и Софија за да се очекува дека може да се направи едноставно затворање на вентилот. Прашање е до кога Македонија ќе се доведува во состојба да зависи од соседите наместо сама да создаде капацитети – истакна Стоилковски.
Во однос на Законот за амнестија, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека е ветување на власта за ослободување на некои лица пред изборите, и посочи дека тие закони се пишуваат во партиските штабови по интерес и математики на власта во пресрет на изборите.
– Законот за амнестија не е фактички она што сака Лога да го постигне и јасна е приказната како што Лога не застана зад кривичниот законик па беше поднесен само од заменичката Мадиќ така што сега таа не застанува зад предлог законското решение за амнестија што ќе го поднесе Лога тоа е една „какафонија“ што излегува од министерството за правда. Всушност тие предлози ако се сеќавате на реакцијата на Блупринт групата што ја напушти работаат во министерството за правда фактички се пишуваат закони во партиските штабови по интерес или некои математики во пресрет на изборите – нагласи Стоилковски.
Стоилковски посочи дека Законот за амнестија е ветување на власта во однос на ослободување на некои лица пред изборите.
– Ќе прашам каква врска има тоа со условите во затворите, дали во законот за амнестија има дел што опфаќа ресоцијализација, дали ќе има намалување на агресија, криминал и се што е дел од она што се луѓето во затвор, дали можеби Лога ќе им обезбеди работа и егзистенција за да не се вратат во затворот? Не, станува збор за апсолутно популистичка мерка она што им било наводно ветувано пред изборите во однос на ослободување во извесни случаи и да можат сега да го реализираат на овој начин – рече Стоилковски.