More

    Познато каде и кога ќе биде погребан Навални

    spot_img

    Починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални ќе биде погребан в петок (1 март) на гробиштата во Москва, изјави неговата портпаролка Кира Јармиш.

    „Погребот на Алексеј ќе биде во црквата Мајка Божја на гробиштата „Борисов“ во Марјано на 1 март во 14 часот. Дојдете рано“, напиша Јармиш на мрежата Икс во средата.

    Соработниците на Навални во вторникот објавија дека не можат да најдат сала во Москва за да одржат проштална церемонија за жестокиот критичар на Кремљ поради одбивањето на погребалните агенции и местата да им пружат таква услуга.

    Според Јармиш, некои организации им рекле дека просториите се окупирани, други одбиле да даваат услуги кога се споменувало името на Навални.

    Телото на Алексеј Навални, кој почина на 16 февруари, беше предадено на неговата мајка Људмила на 24 февруари.

    Мајката на Навални, Људмила, извести дека Истражниот комитет и дал ултиматум да се согласи на таен погреб на нејзиниот син без јавно збогување или Навални ќе биде погребан на гробишта каде што затворската колонија во која починал има парцела.

    Навални загина во колонијата на специјалниот режим „Поларен волк“ во арктичката автономна област Јамало-Ненец. Во официјалниот заклучок за неговата смрт се наведува дека тој починал од природна смрт. Не беа дадени други детали.

    Поддржувачите на Навални веруваат дека тој е убиен, а неговата вдовица Јулија вети дека ќе ја продолжи работата на нејзиниот сопруг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img