Познатиот производител на автомобили повлекува повеќе од 900.000 возила ширум светот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц повлекува речиси милион свои возила поради можен проблем со системот за сопирање, соопшти германската Федерална управа за транспорт.

Тоа се моделите од 2004 до 2015 година на SUV сериите ML и GL, како и луксузниот миниван од класата R, додаваат од германската администрација.

Корозијата на засилувачот на сопирачките може, во најлош случај, да ја прекине врската помеѓу педалата на сопирачката и системот за сопирање, се вели во соопштението.

Вкупно 993.407 возила ќе се влечат ширум светот, од кои 70.000 во Германија, пишува Fenix ​​Magazine повикувајќи се на Bussines Insider.

Share This Article