Џо Роган, еден од најпопуларните подкастери во светот, предизвика бес во Украина откако рече дека Киев и неговите западни сојузници, а не Русија, „сакаат да ја започнат Третата светска војна“, пишува Киев Индепендент.
Роган ја критикуваше одлуката на американскиот претседател во заминување Џо Бајден да му даде дозвола на Киев за употреба на ракети со долг дострел на руска територија. Украина ги нападна Брјанск и Курск со ракети АТАКМС и „Сторм Шедоу“, а Москва возврати со напад со хиперсоничната балистичка ракета „Орешник“ во Дњепропетровск.
– Како ви е дозволено да одобрите напади во Русија кога сте претседател во заминување? Луѓето повеќе не сакаат сте таму (во Украина) – почна Роган.
Поткастерот рече дека треба да има некаков вид пауза за дејства што можат да доведат до Трета светска војна.
– Зеленски вели дека Путин е преплашен. Ебате, човече. Вие, ебаните луѓе, сте тие кои ќе ја започнете Третата светска војна – рече Роган.
Роган ги повтори и неоснованите приказни дека Зеленски користи дрога.
– Ова е однесување како на човек кој зел кокаин. „Путин е ебено исплашен“, „Путин е преплашен“, „Го фативме, го фативме човеку“. Добро, за што зборуваме овде? Човекот има нуклеарни ракети. Ебени мајмуни – додаде поткастерот.
Ваквите погледи на познатиот подкастер предизвикаа гнев кај Украинците, па затоа Киев Индипендент направи анкета, во која ги праша жителите на оваа земја разурната од војна што мислат за ставовите на Роган.
– Нека дојде во Киев, нека дојде во Украина, да види сè со свои очи, а потоа нека донесе заклучоци. Затоа што е тешко да се процени ситуацијата од толку илјадници километри. Мислам дека тој едноставно не чувствува и не разбира што се случува во светот – рекла Наталија Романец, менаџерка за продажба.
Албина Волобуиева, продавачка во маркет изјавила:
– Чудно е. Мислев дека Американците се пристојни, добро воспитани луѓе, но она што тој го кажува за нас е едноставно навредливо.
Елисавета Коваленко, менаџерка на социјалните мрежи рекла:
– Сега ние сме едноставно заложници на Русија која дојде во нашата земја. Не ги повикавме, не ја започнавме оваа војна и не ја сакавме. Живеевме мирен живот во Украина, а тие само не нападнаа, немаме со што да се браниме.