More

    Познатиот Ориент експрес ќе вози до италијанскиот брег: „мала“ цена – 8.500 долари

    spot_img

    Во јуни оваа година, луксузниот хотел на тркала, познатиот Ориент Експрес, за прв пат во својата долга и престижна историја ќе тргне кон италијанскиот брег на Лигурија.

    Еден од најпознатите возови во светот, кој ја инспирираше романсиерката за криминал Агата Кристи да го напише нејзиниот познат роман „Убиство во Ориент Експрес“, ќе сообраќа од Париз до Портофино на дводневно патување.

    Цената, за оние кои можат да си ја дозволат, ќе биде 8.500 долари во еден правец.

    Минатата година беше објавено дека Ориент Експрес по 41 година повеќе нема да тргнува од Лондон, бидејќи операторот на модерниот Ориент експрес реши да го откаже британскиот дел од рутата поради Брегзит.

    Луксузниот воз патувал низ Британија меѓу Лондон и Довер, а потоа патниците се префрлале во автобуси и со траект преку Ла Манш биле превезувани до Кале во Франција, каде што патувањето продолжило до Париз и до Истанбул.

    Со текот на годините, рутите се менуваа, а една од најпопуларните беше токму од Париз до Истанбул, како и онаа што ги поврзува Лондон и Венеција.

    Ориент Експрес беше и остана познат по својот луксуз и елеганција. Внатрешноста на возот ја дизајнирале врвни дизајнери, а просторот е направен од скапи материјали како ореово дрво, кристал и злато. Патниците можат да уживаат во храна и пијалок со врвен квалитет, како и во различни услуги, како што се кројачи и фризери.

    Првото возење е реализирано во 1883 година, а на него патувале бројни познати личности како Винстон Черчил, Агата Кристи и Ернест Хемингвеј.

    Поминал низ бројни европски земји, а патувањата се разликувале по рута, времетраење и луксуз.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img