Познатиот француски фудбалер Карим Бензема предизвика бурни реакции со својата објава на Твитер во која изрази поддрка за Палестинците во Газа по разорните напади во израелскиот конфликт.
Искусниот ас на Ал Итихад ги коментираше страшните судири и испрати порака со поддршка до жителите на Газа, посочувајќи дека тие се жртви на неоправдано бомбардирање.
„Нашите молитви се со жителите на Газа, кои повторно се жртви на неоправдано бомбардирање во кое не беа поштедени ниту жени ниту деца“ – напиша поранешниот играч на Реал Мадрид во објавата на Твитер.
Неговата отворена поддршка за Палестинците налути многумина. Поранешниот израелски голман Дуду Ауате ја сподели објавата на Бензема на Твитер и брутално го навреди Французинот на пет јазици – француски, англиски, хебрејски, арапски и шпански.