Познатиот аналитичар ѝ одговори на амбасадорката

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Политичкиот аналитичар Едвард Џозеф предлага САД да го афирмираат македонскиот идентитет преку посебна Билатерална културна спогодба со текст преземен од Преспанскиот договор. Вака тој ѝ одговори на американската амбасадорка Кејт Мери Брнз која претходно се обрати до граѓаните велејќи дека „Бугарија веќе го признала македонскиот идентитет, па затоа ако тоа е вистина тогаш Софија нема да има забелешки“ во преговорите со ЕУ.

Џозеф не смета дека постои гаранција дека Бугарија го признала или дека ќе го признае македонскиот иденетитет во иднина. Затоа тој предлага дека САД треба тоа јавно да го потврдат македонскиот идентитет, што според него би било прифатено и од Македонците и од Албанците во земјава.

„САД само ќе го реафирмираат она за што Бугарија веќе се потпишала (во францускиот предлог)“, наведува Џозеф во својот текст.

Џозеф го поистоветува бугарското негирање на македонскиот идентитет со негирањето на Украина и Украинците од страна на Русија во актуелната војна. Тој е познат и по тоа што неодамна во статија во „Форејн полиси“ напиша дека САД треба да побараат одговорност од Бугарија за двегодишната блокада и вето врз Макеоднија.

Џозеф вели дека „Бугарија и нејзиниот претседател Румен Радев се посрамотија со нивните навреди, провокации, барања – и закани – против помалиот сосед Северна Македонија”.

Познатиот аналитичар својата идеја за признавање на македонскиот идентитет од страна на САД ја споредува со 2004 година, кога администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш ја призна Македонија под уставното име Република Македонија и покрај забелешките на Грција.

Share This Article